Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се родители на три деца – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.
Војводата од Кембриџ, гостувајќи во една британска емисија, откри дека се обидува да ги научи своите деца за прашањата за кои се грижела и неговата покојна мајка Дајана, принцезата од Велс.
Имено, помеѓу нив посебно ги истакна проблемите со кои се соочуваат бездомниците. Според него, војвотката од Кембриџ и тој се трудат да ги подучат своите деца за бездомништвото и сиромаштвото, што го сметаат за голем проблем на денешницата.
За време на посетата на хуманитарната организација во Пасаж во Лондон, која им помага на бездомниците, принцот Вилијам со поранешниот член на жирито во британското шоу „Brake Off“ правеше чај за луѓето кои се загрозени, пишува Klix.ba.
Тој во оваа пригода се присети и на својата прва посета на наведеното здружение.
Тоа беше едно првите места на кои дојдов. Сигурно имав помеѓу осум и десет години, така нешто. Тоа силно влијаеше на мене. Мојата мајка знаеше што да прави со таа организација, со тие луѓе. Сфати дека е многу важно кога растете, особено во живот како нашиот, да сфатите дека има живот надвор од ѕидовите на палатата и да видите како вистинските луѓе се борат со вистински прашања“, рече тој.
На прашањето дали ги учи своите деца за ваквите промени, принцот Вилијам одговори потврдно и нагласи дека кога ќе види некој како спие на улица – за тоа зборува со своите деца.
Јас морам да кажам дека Џорџ, Шарлот и Луис се многу заинтересирани за овој проблем. Често, како и секое друго дете, ме прашуваат зошто луѓето не може да одат дома“, истакна принцот.
Фото: Инстаграм