Опсесија или проклетство на Јелена Карлеуша: По трагедијата, пејачката сфати дека не може да избега од ОВА!

Целиот живот ја следи…

Новинарката и радиоводителка Дивна Карлеуша пред четири години ја загуби битката со подмолната болест, а нејзината ќерка, пејачката Јелена Карлеуша, со тага истакна дека во смртта на својата сакана мајка гледа симболика за која и самата не била свесна.

Имено, популарната пејачка минатата година ѝ посвети објава на мајка си на социјалната мрежа Инстаграм и истакна колку бројот 3 одиграл голема улога во нејзиниот живот, како во големите радости, така и во трагедиите.

Мојата убавица, мојата вечна рана… Денеска се навршуваат 3 години откако Дивна не’ напушти…. Но само во физичка форма. Додека срцето ми чука, таа е жива… Цел живот некако бев опседната со бројот 3 и Дивна го знаеше тоа. Секогаш во се’ го избирав тој број, од телефонските броеви, го терав Душко да го носи бројот 3 на дресот затоа што мислев дека носи среќа, го местев бројот 3 во секоја животна ситуација итн итн. И тогаш… Мајка ми почина на 3 март (3.3.), без воопшто да сфатам дека е тој датум… и кога ѝ избиравме гроб, јас го избрав според мене најадекватниот во новосоздадениот посебен дел на гробиштата Бежанија… по неколку дена видов дека парцелата го носи бројот 1/33. Дали нашите судбини се математичко пресметување на Матрицата во која несвесно живееме? Дали во таа математика на Универзумот продолжуваме да живееме во некој друг број по земјената смрт? Или само барам утеха во болката која никогаш не поминува… Така нека биде. Откако си замина, немам на кого да му се пожалам кога ми е тешко – напиша Јелена.

Бројот три се спомнува во Библијата 467 пати, помалку од бројот седум, но повеќе пати од другите важни бројки. Понекогаш бројот три се користи за да се опише интензитетот на нешто. Не е само „свето“, туку е „свето, свето, свето“.

Мораме да запомниме дека бројот три не секогаш значи нешто добро. Во „Откровението“ го гледаме злото тројство: Сатаната, Антихристот и Лажниот пророк. Но, обично, бројот три значи нешто добро и цело. Сатаната често сака да земе нешто добро од Бог за да го расипе, а истото е и со концептот на тројството и бројот три.

Најзначајното христијанско значење поврзано со бројот три се огледа во верувањето во Света Троица – Отец, Син и Светиот Дух, како една божествена сила.

Бројот три има моќна симболика во сите религии, како и во нумерологијата и литературата. Не треба да ја занемариме локалната традиција во која православците користат три прста, трипати се бакнуваат кога се поздравуваат и изреки како „Трипати Господ помага“…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.