Натпреваруачка од „Ѕвездите на Гранд“ јавно обелодени како се однесува Цеца со нив! (ФОТО)

Интересно...

Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ веќе втора година е во жирито на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.

Со оглед на тоа дека во натпреварот пости системот на менторство, поедини натпреварувачи ја избрале токму неа да им биде ментор и да им помогне.

Имено, Цеца е многу посветена на своите кандидати, што таа во својата шоу-програма „Цеца шоу“ го истакнала повеќе пати, а сега се огласи и натпреварувачка од нејзиниот тим.

Во прашање е младата Николина Милосавлевиќ, која на Инстаграм била запрашана да го искоментира односот со Цеца приватно.

„Цеца е прекрасна жена! Толку мила, драга, нежна… Додека не ја изнервираме. Се шегувам. Чест ми е што добив прилика да ја запознаам, да работам со неа, да ја гушкам… Скроз опуштена атмосфера со неа. Нормално дека многу значи нејзината поддршка, совет, како само лавовски се бори за секој кандидат. Пресреќна сум што ми е ментор“ – напишала Николина на Инстаграм.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.