Елена Ристеска: „Кога не можеш да одиш во теретана, домот го претвораш во вежбалница“ (ФОТО)

Пробува „луди“ јога-пози

Фото: Инстаграм

Во екот на пандемијата на коронавирусот, голем број познати личности апелираат преку социјалните мрежи луѓето да не излегуваат од своите домови за да не се заразат и да се самоизолираат доколку не се чувствуваат добро, а една од нив е и поп-пејачката Елена Ристеска.

Имено, таа неодамна се врати од Мајами, каде уживаше во друштвото на својот нов партнер (повеќе за тоа можете да прочитате ТУКА), и земајќи предвид дека ситуацијата со ширењето на КОВИД-19 стана сериозна и кај нас, пејачката времето го поминува во својот дом.

Е сега, познато е дека Елена е голем вљубеник во вежбањето и редовен посетител на вежбалницата, но сега и фитнес-центрите се затворени како превентивна мерка, па затоа таа испробува „луди“ јога-пози, како што самата истакна на Инстаграм, дома.

 

Пробувам некои луди јога-пози, можеби без успех, но доволно сум тврдоглава да успеам еден ден. Како и да е, кога не можеш да одиш во вежбалница, својот дом го претвораш во вежбалница. Многу е важно да останеме дома!“, објасни пејачката во описот на објавената фотографија.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.