ЗГОЛЕМЕТЕ ЈА ОТПОРНОСТА НА СТРЕС: Дишете како мајстор по јога

Еве како!

Јога-дишењето има благотворно влијание врз работата на сите системи во организмот, вклучувајќи го и нервниот систем. Со редовно практикување на овој тип на дишење, можете да ја зголемите отпорноста на стрес и да научите да се опуштите максимално, што е многу важно кога сте нервозни.

* Најдобро е тоа да го правите лежејќи на грб. Почнете со бавно вдишување во етапи. Притоа, стомакот се крева нагоре, потоа долниот дел од градниот кош како да се разминува настрана и, на крајот, горниот дел од градниот кош се шири нагоре. Во последната етапа, стомакот малку се повлекува, а рамената и клучната коска се креваат.

Фото: Unsplash

! За време на ова дишење треба да ви биде пријатно. Не правете ништо насила!

* По кратко задржување на дишењето, следува издишување, но по следниот редослед: веднаш опуштете го стомакот, а потоа опуштете ја стомачната празнина, а по неа, природно, и градниот кош.

* Кога ќе завршите со издишувањето, полека со тупаница исфрлете го „остатокот“ воздух од стомачната празнина (не удирајте, туку нежно притискајте).

Практикувајте го ова двапати на ден, наутро и навечер. Најдобро е да започнете со четири целосни циклуси едноподруго (еден циклус е вдишување-издишување) секоја недела онолку пати колку што ви годи.

Текст: Ангелина Берн, јога-практикантка, Рига

Фото: Getty Images, Unsplash

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.