Дознајте ја тајната на убавината и виталноста на легендарната на Мерилин Монро

Нејзината волшебна напивка

Славната Мерилин Монро и денеска претставува симбол на убавина и сексапил. Прекрасната актерка во интервјуто што  го дала во 1960-та година открива дека сака да јаде сè.

Не сум пребирлива, само внимавам колку јадам. Морам да ги негувам моите облини 88-57-90, што е идеално за мојата висина од 166 сантиметри. Сакам да ги задржам моите 53 килограми“, зборувала таа.

Таа била првата жена во Холивуд што зборувала за својот режим на исхрана. Тоа што денес е планетарен хит, всушност го започнала Мерилин.

Филмската дива сакала да јаде месо и јајца, а во интервју го открила рецептот за волшебната напивка што ја пиела секое утро, а која  ѝ давала енергија и виталност.

Пред да се истуширам, си приготвувам топло млеко со две јајца изматени во него. Ја обожавам оваа напивка, а ја приготвувам пред да одам на работа и уживам во неа. Понекогаш консумирам и витамински таблети. Ручекот е богато парче месо, а вечерата исто така е обилна. Јагнешки котлети или, пак, џигер со пет-шест моркови. А потоа – сладолед“, изјавила Мерилин.

Таа не јадела ниту леб, ниту колачи. Таа поминувала само 10 минути во трчање или, пак, дигање тегови.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.