Чекор по чекор до здрави навики ЗА 3 НЕДЕЛИ

Ви претставуваме начини како да си помогнете и да создадете здрави навики

Повеќето од луѓето сакаат да создадат барем една добра навика или да прекинат некоја лоша. Здравите облици на однесување помагаат за менталното здравје и благосостојба, па затоа треба да ги вклучите во вашата рутина што може да биде едноставен план за создавање добри навики.

Што всушност е навика? Тоа значи рутина што ја правиме одново и одново, често без воопшто да ја сфатиме. Како што рековме, има добри и оние кои треба да се избегнуваат.

Добрите навики вклучуваат:

здрава исхрана и вежбање

здрави навики за спиење

здрави врски

утринскиот ритуал на пиење кафе

рамнотежа во животот

управување со времето

управување со стресот

релаксација.

Фото: Getty Images

Како да креирате добри навики

Тешко е да се променат сите лоши навики одеднаш, полесно е да поставите мали цели и да ги постигнете. На пример, полесно е да се направи мала серија на вежби секој ден отколку одеднаш да се одлучите да трчате маратон. Секако, со текот на времето ќе можете да трчате и на долги стази.

Имајте на ум дека може да ви бидат потребни неколку месеци за да се формира новата навика. Значи, треба да ги вклучите промените како дел од вашата редовна рутина.

Дневник – во печатена или онлајн форма или ѕиден планер може да во помогне. Ако користите онлајн дневник, поставете си автоматски потсетник на вашиот компјутер и телефон. Достапни се и апликации кои помагаат да се постигнат целите и да се воспостават нови навики.

Многу навики се активирани од настани. Совет е да се врзете за одредени навики за одредено време во текот на денот или случајот како што е будењето или ручекот.

Не бидете строги кон себе! Ако се вратите на старите навики, не се откажувајте – тоа им се случува на многу луѓе. Само запомнете зошто сакавте да ја направите промената. Тоа ќе ви помогне да продолжите таму каде што сте застанале.

Како да ги избегнете лошите навики

Забележете што ја поттикнува лошата навика. Ако се обидувате да јадете помалку нездрава храна, размислете кога и каде јадете ваков вид на оброк. Кога возите? Го земате од машината на работа? После вечера?

Избегнувајте го „активирањето“ ако можете. Значи, ако на работа купувате „грицки“ од автоматот, обидете се да ја избегнете таа машина. Ако пушите на скалите надвор од канцеларијата, погледнете дали можете да користите друг влез.

Заменете ја лошата навика со добра. Значи, ако не можете да го избегнете автоматот, наместо тоа купете нешто здраво. Ако не можете да ги избегнете скалите, заменете ги цигарите со гуми за џвакање без шеќер.

Чекор по чекор до здрави навики ЗА 3 НЕДЕЛИ

Ви претставуваме начини како да си помогнете и да создадете здрави навики:

– изберете некои цели

– изберете едноставна акција што можете да ја правите секој ден.

– испланирајте кога и каде ќе ја примените навиката. Секогаш кога ќе дојде тоа време или ќе стигнете на одредено место, направете нешто корисно за себе.

– честитајте си за промената што ја направивте

– со текот на времето станува полесно, а за три недели треба да ги применувате навиките без размислување.

Навика која спојува се

Исто така, ќе ви помогне ако изберете една од вашите омилени навики како пиење шолја кафе наутро. Оваа навика се вклопува со споменатите критериуми за подобар живот.

Можете лесно да го додадете во вашиот потсетник, се врзувае со одредено време од денот, лесно се повторува од ден на ден, лесно ќе стане дел од вашата рутина, сама поврзува повеќе добри навики како управување со стресот, управување со животната рамнотежа и подобра комуникација со другите – затоа што кој вели дека треба да пиете кафе сами?

Текст: Николина Славковска

Фото: Getty Images. Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.