9 работи што треба да ги направите пред 9 часот наутро: Ова е клучот ако сакате здравје, среќа и задоволство!

Почнете да ги практикувате

Најдоброто нешто што можете да го направите за себе наутро се овие 9 ситници

„Кога ќе се разбудиш наутро, помисли на тоа дека повторно си ја добил драгоцената привилегија да бидеш жив – да дишеш, да размислуваш, да уживаш и да љубиш“, рекол Марко Аруелие и тоа е голема вистина.

Постојат 9 работи што треба да ги направите пред 9 часот наутро за да го започнете денот како што треба.

1. Покажете благодарност

Благодарноста ќе ви помогне да го започнете денот посмирено. Наместо да посегнете по телефонот, вдишете длабоко и заблагодарете му се на животот. Потоа, почнете да се заблагодарувате за она што го имате. Благодарноста ќе ви помогне да се фокусирате на она што е важно, а ќе добиете и наплив на нова енергија.

2. Заблагодарете се на себе

Пофалете се за сето тоа што сте го направиле и постигнале. Сетете се на вашите досегашни успеси. Можеби тие успеси ви се навидум мали, но сепак се успеси. Кажете си: „Браво, баш убав ручек зготви вчера“ или „Секоја чест колку добро си ја заврши работата вчера“. Ова ќе ви помогне да изградите самодоверба.

3. Направете план во главата – што ќе правите денес

Направете брза листа на обврски во главата. Секогаш имајте ги на ум приоритетите за тој ден. Така, на крајот ќе имате јасна слика за постигнатото и нема да талкате во исполнувањето некакви погрешни цели.

4. Испијте чаша вода

Вашето тело дехидрирало во текот на ноќта, затоа најдоброто нешто што треба да го направите наутро е да се напиете вода. Тоа ќе ве освежи и ќе ја спречи можната главоболка во текот на денот.

5. Истегнете се

Протегнете се малку – можете и на кревет. А можете да направите и неколку вежби пред креветот.

6. Пуштете музика

Додека се подготвувате за на работа, нека ви одѕвонува омилената музика во домот. Тоа ќе ви го подобри расположението и ќе ве раздвижи.

7. Насмевнете се

Насмевнете се пред огледало. Тоа позитивно влијае врз расположението. Привлечете среќа така што искрено ќе си се насмевнете самите на себе.

8. Расчистете го домот

Не оставајте неред зад себе. Здиплете ги прекривките, наместете го креветот, соберете ги садовите ако сте појадувале и пиеле кафе утрото. Оставете ред зад себе, бидејќи така ќе ви биде полесно кога ќе се вратите дома.

9. Кога ќе стигнете на работа, завршете ја прво најтешката задача

Соочете се најпрво со најголемиот проблем. Потоа, продолжете да работите на ситните задачи што ви следат. Ќе се чувствувате подобро и попродуктивно.

Формула за среќен живот на 94-годишна баба: „Кога станувам наутро, имам два избора – секогаш го одбирам вториот!“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.