„Брена не ми е свекрва“: Александра Пријовиќ искрено за комплицираните односи во семејството Живојиновиќ

Дали можат снаа и свекрва да имаат близок однос?

Популарната пејачка Александра Пријовиќ често во медиумите зборува за приватниот живот, а не ја крие врската со семејството на сопругот Филип Живојиновиќ. И покрај сите предрасуди кои важат во нашето општество, некои парови и семејства на јавната сцена покажаа дека е можно да биде поинаку.

Имено, во семејството на познатата естрадна уметница Лепа Брена владеат хармонични врски полни со разбирање и почит. Иако многумина Лепа Брена ја сметаат за свекрва на Александра Пријовиќ, забораваат дека всушност не се во таква врска. Токму поради ова, Александра постојано истакнува дека Брена не ѝ е свекрва, туку мајката на Филип, која му е прва сопруга на Боба Живојиновиќ, Зорица Накиќ.

Свекрва ми е мајката на Филип, Зорица. Брена е прекрасна жена, која се грижи за своето семејство и е многу добра личност – изјави претходно Прија, нагласувајќи дека има прекрасен однос со Брена и Боба.

Ова не е единствениот пример за добри односи меѓу снаата и свекрвата меѓу познати семејства. Тука се и Гоца Божиновска со нејзината снаа Бојана Родиќ, сопруга на нејзиниот син Мирко Шијан.

Тие отсекогаш негувале добри односи, а кога во семејството дојдоа внуците, на среќата на Гоца ѝ немаше крај.

Не сакам никому да му се мешам во односите. Само ја советував Бојана да биде паметна и да ги заштити сопругот и бракот. Ѝ кажав дека во куќата треба да биде како што ќе каже таа, ѝ се’ додека е така, бракот ќе ѝ биде добар. Мислам дека јас бев премногу фина и не добив ништо за возврат, ѝ реков да не си го дозволува тоа, туку да се грижи за себе и за сопругот и децата – изјави претходно Гоца и додаде:

Јас и Бојана навистина имаме феноменален врска, таа е прекрасно суштество. Таа има специфична убавина, убава е како ангел. Кога ќе стане наутро без шминка, во пижами, не можеш да ѝ се нагледаш – вели Гоца.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.