Синот на Брена и Боба го покажа станот вреден 600.000 евра, а од погледот ќе ви се заврти во главата! (ФОТО)

Како изгледа Белград од 40-от кат? Вака!

Долго време се пишуваше како Лепа Брена и Боба Живојиновиќ купиле луксузен имот во Белград, а сега пристигна и доказ за тоа.

Кога во медиумите се појави веста дека Лепа Брена и Боба Живојиновиќ купиле луксузен пентхаус на 40-ти кат во елитна населба во Нови Београд, веднаш се претпоставуваше дека таму ќе живее нивниот помлад син Виктор.

Иако регионалната ѕвезда никогаш не ги коментираше овие наводи, Виктор сега објави неколку снимки од станот и покажа каков поглед има на реката и на градот.

Stan Viktora ŽivojinovićaПентхаусот наводно чинел 600.000 евра, а Виктор ни даде можност да видиме барем дел од раскошната внатрешност и надворешност.

Stan Viktora ŽivojinovićaТој најпрвин ја објави глетката низ прозорецот од кој се гледаат реката Сава и дел од блоковите на Нови Београд на зајдисонце, а потоа ја покажа и внатрешноста на станот. Нема сомнеж дека сè уредил по свој вкус.

Stan Viktora Živojinovića
Тоа што младиот Живојиновиќ си го уреди катчето по своја мерка се гледа по деталите, па влезот во дневната соба го краси огромна фотографија на Мајк Тајсон, направена во урбан стил.

Да потсетиме, Брена и Боба имаат семејна куќа на Бежанијска коса, во која, очигледно, ќе продолжат да живеат, додека Виктор ќе ужива во новиот пентхаус.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.