12 цитати на Фрида Кало кои даваат сила: На крајот од денот, можеме да издржиме многу повеќе одошто мислиме!

Икона на трпението и силата

Ова се некои од најдобрите цитати на легендарната уметница

Фрида Кало била мексиканска сликарка која достигнала светска популарност со својот сликарски талент, но и со автентичниот изглед.

Животот на легендарната уметница бил обележан од тешки и болни падови. На мали нозе заболела од детска парализа, поради што десната нога ѝ била потенка од левата. Во 1925 година доживеала сообраќајна несреќа во судар на автобус и трамвај, по што имала 32 операции и била врзана за кревет 4 месеца. Фаталната љубов кон неверниот сопруг Диего Ривера ѝ донела нова болка, која ескалирала со спонтан абортус.

Фрида Кало поради својата издржливост важела за симбол на сила и трпение.

Како таква, таа може да пример за секоја жена, бидејќи му покажала на светот за што сè е способна една жена, и физички и емоционално. Прочитајте некои од нејзините најубави цитати…

  • „Ништо не е конечно. Сè се менува, сè се движи, сè полетува и одлетува.“
  • „На крајот од денот, можеме да издржиме многу повеќе одошто мислиме дека можеме да поднесеме.“
  • „Што ќе ми се стапала, кога имам крилја со кои летам.“
  • „Сликав автопортрети, бидејќи толку често сум сама, бидејќи јас сум личноста што најдобро ја познавам.“
  • „Преживеав две големи несреќи во животот. Една во која трамвајот ме направи таква каква што сум, а другата е Диего. Диего беше далеку полош.“
  • „Никогаш не ги сликам своите соништа или кошмари. Ја сликам својата реалност.“
  • „Се надевам дека излезот е радосен и се надевам дека никогаш нема да се вратам.“
  • „Јас не сум болна. Јас сум скршена, но сè додека можам да сликам, среќна сум што сум жива.“
  • „Ништо не е повредно од насмевката. Ти дава сила да се смееш и да се напуштиш себеси, да бидеш светлина. Трагедијата е најглупавото нешто.“
  • „Порано мислев дека сум најчудната личност на светот, но потоа помислив дека од толку луѓе на светот, мора да постои уште некој кој е ист како мено, кој се чувствува бизарно и дефектно на истиот начин како мене. Тогаш си ја замислував таа личност и си мислев дека и таа, таму некаде, исто така ме замислува мене. Се надевам дека ако си таму некаде и сега го читаш ова, знаеш дека сум овде и дека сум чудна, исто како тебе.“
  • „Сликам цвеќе за да не овене.“
Зборови што ја милуваат и лекуваат душата: 20 цитати од Пауло Коелјо што треба да ги читате секој ден
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.