Тања Савиќ за написите дека е во врска со млад политичар: „Зарем не гледате? Јас сум среќна жена!“

Пејачката беше јасна во нејзината изјава...

До ноеодамна српските медиуми пишуваа дека пејачката Тања Савиќ во текот на летото наводно била во врска со политичар.

Овие гласини започнаа кога во емисијата „Папарацо лов“, контроверзната водителка Јована Јеремиќ откри дека пејачката имала афера со политичар.

По овие написи, Тања првпат се појави во јавност и ги прокоментира овие шпекулации.
На прашањето дали се точни информациите, таа изјави:

– Кога веќе пишувавте за тоа…. започна Тања, а на прашањето дали е заљубена, таа кажа:
– Не знам дали тоа се гледа? Јас сум само среќна жена – изјави Савиќ.

Инаку, Тања и претходната година во април се најде во центарот на вниманието кога нејзиниот се уште законски сопруг Душан Јованчевиќ ги зема нејзините деца без нејзино знаење и ги однесе во Австралија. Пејачката ги немаше видено нејзините наследници една година, а пред неколку месеци судот донесе одлука децата да се вратат кај неа во Србија.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.