„Со додадена вредност, уникатни понуди и софистицирана мрежа, градиме доверлив однос со корисниците“

СВЕТОТ ВО 2023-ТА

Воведовме нови продукти со можност за неограничена комуникација, многу повеќе содржини, дигитални алатки и канали за полесен пристап, како и низа поволности за корисниците, кои придонесоа за помало оптоварување на домашниот буџет.

Разговор со Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија, за годишното издание „Економист: Светот во 2023-та“.

Дали и колку економската криза влијае врз работењето на А1 Македонија и кои се мерките што ги преземате за нејзино ублажување?
Макроекономските показатели што будно ги следиме и кризата што се прелева во секој агол од глобалната економија, секако, оставаат траги и на А1 Македонија. Имајќи го предвид влијанието врз куповната моќ на населението, приоритет за нас, како компанија што обезбедува услуги кои во новото време го носат епитетот „услуги од витално значење“, е да додадеме уште поголема вредност, а корисникот да ги добие услугите по најповолни услови.

Во таа насока, воведовме нови продукти со можност за неограничена комуникација, многу повеќе содржини, дигитални алатки и канали за полесен пристап, како и низа поволности за корисниците, кои придонесоа за помало оптоварување на домашниот буџет. Наспроти тоа, свесни сме дека брзината и ефикасноста на конекцијата независно од локацијата каде се наоѓаат корисниците е од примарно значење, а тоа нè поттикна уште повеќе да се фокусираме на развојот на портфолија што ќе ги пресретнат новите кориснички потреби.

Секако, за тоа неопходни се софистицирана и унапредена инфраструктура и мрежа што ќе ги опслужи сите, во што, и покрај кризата, континуирано инвестираме. Па, така, оваа година на располагање ја ставивме најголемата иновација во телекомуникацискиот сегмент и ја воведовме најновата 5G-мрежа што носи гигабитен интернет, која во иднина ќе има големо влијание на развојот на економијата и дигитализацијата на општеството во целост. Но не застанавме тука, одиме чекор понатаму и започнавме да испишуваме нова страница за А1 и за нашите корисници и ја објавивме соработката со една од најголемите осигурителни компании во земјата.

Ова е најновото и уникатно проширување на нашето портфолио, кое за првпат нуди осигурителни услуги што нè прави пионери на пазарот во воведувањето новитети за корисниците. Со ова А1 Македонија прераснува во компанија каде што освен дигитални решенија, на едно место можат да се добијат  потребни услуги за модерно и едноставно секојдневие.

Според независното мерење од АЕК, А1 Македонија го носи приматот за мрежа со најбрз мобилен интернет, а за тоа доби потврда и од Ооkla. Продолжувате ли во оваа насока, очекувате ли да ги задржите овие перформанси на мрежата?

Совршено функционирање на мрежата е еден од основните приоритети во оперативното работење на А1 Македонија. Максимално сме фокусирани на обезбедување квалитет на услугите, а преку тоа постигнување задоволство на корисниците и затоа вложуваме сериозно време и ресурси во иновациите и во развој на мрежите и платформите што резултираше со признанијата од независното мерење на АЕК и Ookla.
Секако, за да се постигне супериорното ниво на функционирање на мрежата, кое обезбедува непрекината и постојана комуникација, потребно е планирање на кое му посветуваме големо внимание, добар дизајн на мрежата и мрежните елементи, како и функција на системите овозможена од професионалниот тим, кој поседува максимално ниво на подготвеност и компетенции.
Особено сум горд на постигнатите резултати со мерењата. Тоа се брзини двапати повисоки од поставените стандарди на АЕК, а во исто време далеку повисоки во однос на брзините измерени на другите мрежи.

Секако, ова е плод на долга и макотрпна работа на оптимизација и зголемување на капацитетот на мрежата и продолжуваме и понатаму да работиме со иста динамика и посветеност на обезбедувањето најдобри услови за непречена и квалитетна испорака на услугите кон нашите крајни корисници.

Дигитализацијата длабоко навлегува во секојдневниот живот. Ако во резидентниот сегмент силна страна се конвергентноста и обезбедувањето комуникација за целото семејство, која е силната страна во понудата на А1 за деловните корисници?

Активно работиме на креирање и збогатување на продуктното портфолио, кое не само што ќе ги задоволи потребите за постојана и непречена комуникација туку и ги пресретнува потребите на новото време и овозможува многубројни дигитални алатки и решенија.

Затоа, нашата интенција е сите деловни субјекти во процесот на дигиталната трансформација во А1 Македонија да го пронајдат својот дигитален партнер, кој им обезбедува врвно корисничко искуство, најдобра понуда и најдобра вредност за вложените средства. Во комбинација со најдобрата и најбрзата мобилна мрежа, креирано е продуктно портфолио, кое ги адресира спецификите на деловните корисници, го олеснува нивното секојдневно функционирање, притоа да се чувствуваат безбедно посветувајќи се на развојот на своите бизниси.

Ја збогатуваме конвергентната понуда со нови дополнителни елементи, пред сè во делот на дигитални услуги, апликации и ИТ-безбедност и за тоа, покрај високо стручниот локален тим, знаењето и ресурсите ги црпиме и од нашата матична Телеком Австрија Групација и A1 Дгитал, каде што се развиени и имплементирани многубројни продукти.

Со воведувањето на 5G-технологијата, значително се зголемeни брзините и достапноста на услугите, а се отвори и перспектива за нови услуги засновани на IoT и во индустријата. Со воведувањето на 5G, пак, отворени се сите можности да продолжиме со понуда на услуги неопходни за имплементација на паметни градови, е-образование, е-здравство, како и други области што се од круцијална важност за заедницата.

Општествената одговорност е составен дел од работата на А1 Македонија. Која е насоката во која се движите?

Програмата ESG (environmental, social and corporate governance) е поставена како еден од столбовите на А1 Телеком Австрија Групацијата, а со тоа и на А1 Македонија. Амбицијата на А1 Телеком Австрија Групацијата е да постигне поефикасен, а со тоа и поодржлив начин на работа и живеење. Покрај тоа, компанијата ги смета овие иницијативи како двигатели на долгорочна вредност со не само еколошки и социјални придобивки, туку и економски предности.

Оттука, А1 Македонија, како дел од А1 Групацијата, ги спроведува овие иницијативи на локално ниво.
Имајќи ја предвид социјалната амбиција што обврзува на едукација фокусирана на деца и млади – во сегментот на дигитална писменост ја лансиравме А1 Академија, едукативна програма целосно иницирана и спроведена од А1 Македонија и ја реализира нашата заложба – да им се даде на младите доверба и вештини за активно обликување на дигиталните светови, а со тоа и да дадеме придонес во креирањето и насочувањето на нивниот личен и професионален развој.

Академијата А1 е надградување на проектот што функционира веќе пет години, а се однесува на едукација за безбедно користење интернет, „Интернетот не e само игра… Кликај безбедно!“, наменета за четвртоодделенците, со која вработените во А1 Македонија, преку интерактивни и интересни предавања, приспособени за возраста и на образовната програма, ги запознаваат учениците од четврто одделение и го збогатуваат нивното знаење за интернетот, како безбедно да бидат дел од светската мрежа, а притоа како да ги заштитат своите лични податоци.

Проектот досега има опфатено 35 основни училишта во земјата и едуцирано повеќе од 3.500 деца на таа возраст.

Горд сум на овие проекти и можам слободно да заклучам дека продолжуваме во истата насока за да оставиме уште поголема вредност за заедницата.

Текст: Економист: Светот во 2023-та

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.