Како да го продолжите животот за 15 до 20 години во 6 чекори: Американски научници дизајнираа план за исхрана

План за долговечност

Во текот на изминатата година, американските научници дизајнираа диета која, со воведување промени во тоа што, кога и колку се јаде, би требало да го продолжи животниот век на човекот за дури 15 до 20 години.

Еден од авторите на студијата, Валтер Лонго од Универзитетот во Јужна Калифорнија во Лос Анџелес, изјави за New Scientist: „Тоа ќе биде поврзано со огромно влијание. Тоа може да доведе до промена на животниот век од 15 до 20 години“.

Главните принципи на кои се базира исхраната за долговечност презентирана во анализата се дека треба да внесувате доволно калории за да ја одржите витката линија, дека храната треба да биде претежно од растително потекло, дека треба да воведете дневна рамка која ќе го ограничи кога може да се јаде и кога не може, и дека секоја година треба да се воведат неколку циклуси на постење.

Научните истражувања со години покажуваат дека намалувањето на внесот на калории позитивно влијае на долговечноста.

Се проценува дека околу 11 милиони луѓе годишно умираат во светот поради внесување на прекумерно количество калории и погрешни видови на хранливи материи.

Планот до кој дошле американските научници се состои од шест чекори:

1) Внесот на калории треба да се ограничи за да се одржи индексот на телесна маса (БМИ) на 22 до 23 за мажи и 21 до 22 за жени.

2) Исхраната треба да се состои главно од цели зрна, мешунки и јаткасти плодови. Внесувањето месо треба да се ограничи за да се намали прекумерната изложеност на аминокиселина позната како метионин, а треба да се вклучи и риба.

3) Нерафинираните сложени јаглехидрати треба да сочинуваат од 45 до 60 проценти од калориите, 10 до 15 проценти од протеините треба да бидат од растително потекло, како и 25 до 35 проценти од мастите.

4) Треба да престанете да јадете најмалку три часа пред да си легнете, по што следи постот од околу 12 часа.

5) Во текот на пет дена од месецот, треба да се воведе диета која го имитира постот, заснована на растителна исхрана со низок процент на шеќер, јаглехидрати и калории, но со висок процент на масти. Ваквата диета треба да се спроведува на секои два до три месеци.

6) Внесувањето на алкохол треба да биде умерено – не се препорачуваат повеќе од пет единици неделно. Една единица алкохол е 10 милилитри чист алкохол, околу 25 мл вотка, околу 100 мл црвено вино и околу 250 мл пиво.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.