Шабан Шаулиќ со него не зборуваше 25 години: Биле најдобри другари, но кралот на фолкот тајната ја однесе во гроб! (ФОТО)

Мистерија...

Фото: Рајко Ристиќ

Српскиот фолк-пејач Јашар Ахмедовски прозборе за големото пријателство, но и за прекинот на истото тоа пријателство со Шабан Шаулиќ, со кого не зборувал две ипол децении, а дека причината за тоа не ја дознал, бидејќи кралот на фолкот тоа го однел во гробот…

Иако Шабан од непознати причини го прекинал контактот со него пред многу години и тоа во моментот кога ја доживеал најголемата семејна трагедија, во која му загина братот Ипче во 1994 година, сепак Јашар бил на погребот на Шабан и го испратил на вечното почивалиште…

„Не зборував со Шабан по семејната трагедија пред 25 години и не знам зошто се случи тоа. Мислев дека некогаш ќе прозбориме и дека ќе ми каже за што се работи. Кога загина, не можев да издржам и отидов на погребот“ – раскажал Јашар во една емисија.

„Порано живеевме заедно, бевме 24 часа заедно, многу го сакав и како човек и како пејач, жал ми е што беше така. Со него почнав, со него и завршив, многу го сакав, му бев голем пријател. Првата средба беше во кафеана каде пееше Халид Бешлиќ, тогаш тој се уште ништо не снимаше. Кога пеев ја наполнив кафеаната, па одма ми предолжија да работам тука, со оглед на тоа дека Халид веќе пееше и сакаа да имаат двајца пејачи, а ниту една пејачка. Почнав да пеам таму и подоцна го запознав Шабан, кој ме донесе во Белград и за седум дена го снимив првиот албум“ – рекол тој.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.