Дали е здраво да се подгрева компирот? Многумина мислат дека ќе биде токсичен, но еве која е вистината

Дознајте

Ви откриваме дали е здраво да се подгрева компирот што ви останал од јадењето

Многумина се двоумат околу тоа која храна смееме да ја јадеме подгреана, особено кога станува збор за исхраната на децата.

Најчесто слушаме дека не би требало да го подгреваме компирот, но има ли вистина во тоа?

Подгреаниот компир не е канцероген ниту токсичен, но може да предизвика дигестивни проблеми. Имено, при подгревањето на компирот доаѓа до рекситализација на скробните зрнца, поради што тие стануваат потешко сварливи и можат да предизвикаат чувство на тежина во желудникот.

Сепак, водете сметка компирот што ви останал по ручекот, без разлика дали станува збор за печен или за пире, да го чувате во фрижидер за да одбегнете евентуално развивање бактерии кои можат лошо да влијаат врз вашето здравје.

Доколку јадењето од компири не се расипало, не постои никаква опасност ако го подгреете, тврдат експертите.

Сладок или бел компир: Што е поздраво?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.