Познатата актерка сместена во психијатрија: Шетала гола на улица, па сама повикала полиција! (ФОТО)

Жално...

Актерката Аманда Бајнс, како што пренесуваат медиумите е задржена на психијаторско одделение. Имено, актерката била фатена како шета потполно гола на улиците на Лос Анџелес.

Таа како што се наведува, во еден момент мафтала на возачите и им велела дека „поминива психотична епизода“, а потоа сама повикала полиција, пренесува ТМЗ.

Полицијата за кратко време пристигнала и ја одвеле во станица, а експертите за ментално здравје одредиле дека таа мора да биде задржана на психијатрија која обичено трае до 72 часа, но може да биде продолжена ако е тоа потребно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NBK2017 (@noseybootzklub2017)

Актерката требала во саботата да се појави на едно случување, но не се појавила поради лошата здраствена состојба.

Аманда се прославила во улогата на филмот „Она е машко“ и емисијата „Аманда шоу“, меѓутоа подоцна е откриено дека таа боледува од бипорално пореметување, а потоа старателството а неа било препуштено на други луѓе на нејзина осумгодишна возраст. Старателството е укинато пред година дена, а актерката цело време имала голема поддршка од родителите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.