Ова место е најголемата мистерија на светот: Уникатните пејзажи оставаат без здив!

Светско чудо

Големата количина на мраз опкружен со шума привлекува голем број туристи секоја година

Иако не можеме да го посетиме ова чудо на природата поради пандемијата на коронавирус, ништо не нè спречува да уживаме во фотографиите и барем накратко да бидеме дел од оваа неверојатна глетка на Земјата.

Перито Морено се наоѓа во регионот на Патагонија, во Аргентина. Неверојатната количина на мраз опкружена со бескрајна шума привлекува голем број туристи што сакаат да го видат ова „осмо светско чудо“ кое е еден од најголемите светски извори на вода за пиење.

https://www.instagram.com/p/CGNGTjqsWKF/?utm_source=ig_embed

Овој глечер е уникатна глетка и се смета за извесна енигма за научниците. Перито Морено е единствениот глечер што расте, а не се намалува како останатите, но научниците сè уште не знаат зошто е тоа така.

https://www.instagram.com/p/CGNGD06gxwG/?utm_source=ig_embed

Џиновски блокови на синобел мраз на секои две до четири години паѓаат во езерото Аргентино, притоа предизвикувајќи силен тресок и неверојатни бранови. Оваа незаборавна глетка ја доживуваат само оние што имаат најголема среќа.

7 занимливости за Мртво море: Импресивно чудо на природата во кое невозможно е да се потоне!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.