Луксузни апартмани само за 18 евра, вили во Дубровник со базен за 30 евра од ноќ

Летна сезона со ниски цени во Хрватска

Иако досега важеше за една од најскапите летни дестинации во Европа и пошироко, ситуацијата со коронавирусот го направи своето. Имено, Хрватска, а и другите туристички земји, прават сè за да ја спасат туристичката сезона, која речиси е уништена.

Последното истражување во Хрватска покажува дека ова лето ќе биде сезона на ниски цени.

На Хвар, на пример, минатата година омлет со јајца чинел 24 евра, а сега се нудат ноќевања за по 18 евра. Гостите сè уште ги нема, па цените вртоглаво паѓаат. Во строгиот центар на Дубровник, каде што еден час за паркинг се плаќа 10 евра, сега ноќевањата во луксузни апартмани се нудат и за по 20 евра.

Цели вили покрај Задар се изнајмуваат за помалку од 50 евра, а и да се откаже резервацијата само еден ден претходно, договорениот износ му се враќа веднаш на закупувачот.

Вили за четворица со спектакуларен поглед на море и базени, на хрватската ривиера се изнајмуваат од 60 евра па надолу. Меѓу поевтините сместувања со базен има и во Дубровник, каде што цените се од 30 до 50 евра.

Има и оптимисти кои нудат ноќевања и за по 100 евра во вили со базени, опкружени со лаванда и винова лоза, но генерално, оваа година летувањето во Хрватска е далеку поевтино од изминатите годинио. Голем дел од приватниците, кои се занимаваат со туризам, нудат цел објект со базен за само 30 евра.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.