Грчки остров нуди можност што не се пропушта: 500 евра месечно и плац за секое младо семејство што ќе се досели
Сега таму живеат 24 луѓе
Бараат луѓе што ќе покренат некој бизнис таму и велат дека пожелно би било да дојдат сточари, рибари, градежници и пекари
Грчкиот остров Антикитера бара жители и за тоа е подготвен да плаќа 500 евра месечно и да подари земјиште на кое ќе можат да го изградат својот дом.
Станува збор за остров оддалечен 45 минути од Атина по воздушна линија, на кој моментално живеат вкупно 24 луѓе. Грчката православна црква сака да ги врати луѓето на островот, на кој на почетокот од 20ти век живееле вкупно 300. Црквата ќе им плаќа 500 евра секој месец во период од три години на оние што ќе се одлучат да се преселат.
https://www.instagram.com/p/BzQyWBfBq3f/?utm_source=ig_embed
Сепак, постои еден услов. Тие сакаат да им дојдат млади семејства кои би го оживеале островот. Бараат и луѓе што таму ќе започнат некаков бизнис и пожелно би било да им дојдат сточари, рибари, градежници и пекари.
Со оглед на локацијата и малиот број на жители, островот нема ни банка ни банкомат и има многу малку продавници со основни производи. Но имаат струја и интернет.
Иако приоритет во овој натпревар ќе имаат семејствата од Грција, тој е отворен и за сите останати, а според информациите од грчките медиуми, четири семејства веќе добиле дозвола за преселување.
ФОТО: Pixabay, Instagram