Аеродромите почнуваат со работа од утре, а еве го протоколот што Грција го воведе за влез во државата!

Сигурно ќе ве интересира

Доколку случајно се погоди да ве проверуваат, резултатите ќе ги чекате во самоизолација во Грција

Од утре, 1 јули, најавено е отворањето на двата аеродрома во Македонија, кои не работат речиси четири месеци, како последица од пандемијата на коронавирусот.

Аеродромите ќе работат според протоколи со строги правила, а ние ви пренесуваме дел од нив:

  • патниците ќе треба да пристигнат на аеродромот најмалку три часа пред нивниот лет
  • носењето заштитна маска е задолжително во текот на целиот престој на аеродромот
  • патниците ќе мораат да одржуваат физичко растојание и висок степен на лична хигиена
  • во зградата ќе можат да влегуваат само патниците со цел да се намали метежот
  • на неколку места низ зградата ќе бидат поставени средства за дезинфекција на рацете.

„Имавме шанса да го видиме протоколот и навистина е направен по сите светски стандарди“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Објавен е и распоредот на летови од Меѓународниот Аеродром Скопје, а првите полетувања ќе бидат во Бремен, Ларнака, Стокхолм и Келн.

Од 26 јуни, враќањето во Македонија е безусловно, односно нема потреба да се покаже негативен ПЦР-тест и да се оди во задолжителна самоизолација.

Портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас, пак, соопштил дека Грција на 2 јули го отвора граничниот премин Евзони за нашата земја, а за Албанија, Бугарија и Турција, ќе бидат отворени и преостанатите гранични премини.

Освен тоа, Грција ги објави и протоколите што патниците ќе мораат да ги почитуваат кога ќе пристигнат во државата:

  • лицата прво пристигнуваат на контролен пункт, каде што мораат да приложат пополнет образец за лоцирање патници (ПЛФ)
  • се вршат пасошка и царинска контрола, а уникатниот брз одговор на секое пристигнато лице се проверува на екранот на нивниот мобилен телефон или на печатена форма со нивниот QR код.
  • во зависност од нивниот код, лицата што пристигнале или се насочуваат од страна на безбедносната служба во пределот за скрининг, или им е дозволено да го продолжат патувањето
  • се добиваат инструкции од граничниот персонал, во случај на развој на симптоми на респираторна инфекција (во тој случај тие веднаш мора да се јават во Центарот за операции на Националната организација за јавно здравје)
  • ако пристигнатите лица планираат да престојуваат на повеќе места во Грција, мора да го пријават тоа и да ги пријават почетната дестинација и местата каде што ќе престојуваат следните 7 дена
  • додека резултатите од скринингот не станат достапни, пристигнатите лица кои ќе се тестираат за ковид-19 се должни да се изолираат на адресата од нивната крајна дестинација – нивните податоци се внесуваат во системот за информации за да се олесни контактот во случај некој да биде позитивен
  • по завршувањето на скринингот, тие влегуваат во земјата и добиваат упатства за самоизолација, додека бидат објавени резултатите од нивниот скрининг
  • сите патници мора да ги следат сите неопходни превентивни мерки за хигиена (користење маски и почитување на социјалната дистанца).

Што мислите за мерките? Би се одлучиле ли за патување надвор од државата?

Новиот податок за коронавирусот ги исплашил научниците: Еве на која температура успеал да преживее!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.