„Овој човек ги претепа мојата сестра и бебето“: Позната тиктокерка објави фотографии од насилникот и фотки од повредите! (ФОТО)

Страшно...

Српската тиктокерка Уна Каблар на својот профил на Инстаграм објавила дека нејзината сестра, но дете од два месеци, ден предходно доживеале страшно физичко насилство.

Уна на својот профил напишала дека нејзината сестра била претепана од сопругот, со закани дека ќе и го одземе старателството над детето доколку се разведе од неа.

Како што тврди Уна Каблар, во прашање е извесен Д.Х. чија слика објавила на „стори“.

„Мажот на мојата сестра вечерва ја претепа мојата сестра Сара. И ја фатил главата и ја удирал од плочки, ја притискал за врат со обид да ја задави и потоа ја удирал со шлаканици со сета сила. Го притискал бебето старо два месеци и му направил модринки, со закана дека ќе и го одземе старателството ако се разведе од него – напишала Уна“.

Таа рекла дека после се тој ја однел на Военамедицинската академија и побегнал.

„Откако ја унакажал вечерва, ја донел на ВМА и побегнал додека не дошле неговиот татко и брат, бидејќи е татин син. Дојдоа смеејќи ни се пред полицијата со прозивки од страна на неговиот татко дека тој е горд на неговиот син и дека допрва ќе биде. Откако му кажавме дека се ќе објавиме јавно, неговиот татко почна да се заканува дека тој има лек и за тоа, бидејќи мисли дека со пари може да реши се. Во најдобар случај ќе биде казнет само со забрана за приближување иако ја претепал мојата сестра скоро до смрт и се уште не знаеме какви се последиците од повредите – додала Уна“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.