„Веќе 20 години одам на психотерапија“: Марија Шерифовиќ сподели со што се бори, па ја спомна мајка си Верица

За да ги смири своите демони

Пејачката Марија Шерифовиќ (37) открива дека веќе 20 години оди кај психотерапевт.

Евровизиската ѕвезда раскажува дека понекогаш ѝ е потребна стручна помош за да реши некои проблеми. Марија раскажа дека психотерапијата не смее да биде табу-тема и ги советува своите фанови да побараат помош кога нема да можат да ги „победат своите демони“.

Секојдневно работам на себе заедно со терапевтот веќе 20 години. Се борам да најдам што поадеквантни начини да го совладам животот од ден во ден, да ми биде што подобар и попродуктивен. Тоа некогаш го работам со терапевт, некогаш сама со себе, а понекогаш со помош на луѓето кои ме опкружуваат, вели Марија и додава дека помошта ѝ била многу потребна во стресните ситуации:

Ретко ми доаѓа жолтата минута, тоа можеби ми се случило пет пати во животот… Тоа беа ужасно стресни ситуации, кои некогаш знаев да ги решам, некогаш не… Сепак сум личност само од крв и месо, искрено сподели пејачката.

Марија неодамна беше главна тема во јавноста кога на социјалните мрежи излезе видео на кое се гледа дека во лутина удира во автомобилот. Како што се претпоставуваше, тоа било кавга со партнерката. Марија тврди дека тогаш само себе се повредила и дека никогаш никого нема удрено:

Сите мислат дека сум агресивна и дека сум во состојба да удрам, а, всушност, јас сум само гласна. Јас само гласно зборувам, гласно се смеам, гласно се расправам, гласно сакам… Не умеам поинаку“, вели Марија, која потој скандал беше цел на осуда на Твитер и Инстаграм:

Не ги поддржувам социјалните мрежи. Ако се прашувам јас, на децата не би им дозволила да имаат профил пред средно училиште. Јас се’ уште не сум мајка, но би советувала родителите да бидат повеќе присутни во животите на децата, потенцира Шерифовиќ.

Марија вели дека нејзината мајка, фолк-легендата Верица Шерифовиќ, се навикнала на нејзините „бубачки“.

Можеби мојата мајка замислувала да бидам пијанист или да пеам во Карнег холот, но јас сум Марија Шерифовиќ, паметна и луда. Мајка ми се навикна на мене ваква и среќна сум што ме научи да бидам дисциплинирана, да ги почитувам другите луѓе и туѓото време, завршува Марија.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.