Вистинско чудо од растение, а лесно се одгледува: Еве зошто треба да имате чувар куќа!

Корисно!

Оваа исклучителна билка е многу корисна

Чувар куќата спаѓа во повеќегодишни растенија и многу е адаптабилна и лесна за одржување.

Обично нараснува максимум до 25 сантиметри. Постои во повеќе варијации, но најчесто се одликува со дебели листови кои се полни со вода и со цвет кој има ѕвездена форма.

Добро поднесува и внатрешни и многу ниски надворешни температури, што ја прави многу отпорна и долговечна, за што сведочи и нејзиното латинско име Semprevivum tectorum (секогаш жива).

Ова растение кое има најмалку 30 варијации, покрај тоа што е декоративно и убаво ќе се вклопи во амбиентот на вашиот дом, познато е и како стар народен лек, пред се’ поради своите благотворни својства кои помагаат за инфекции, намалување на болката, воспаленија, а многу е добро и како диуретик.

Нашите баби од оваа лековита билка правеле чаеви, тинктури, облоги, масти и сирупи, токму поради нејзините лековити својства, кои ги има многу. Покрај употребата во традиционалната медицина, и модерната медицина се занимава со проучување на лековитите својства на оваа билка, бидејќи истражувањата докажале дека има многу силно влијание врз одбраната на организмот од канцерогените клетки, како и врз закрепнувањето на нарушениот имунолошки систем.

Ова растение е многу лесно за одгледување и одржување и не бара посебна нега. Можете да го засадите во мали саксии, па дури и во тегли. Можете да го берете во текот на целата година.

Па така, доколку се одлучите да засадите чувар куќа, ќе имате истовремено убава декоративна билка, а доколку затреба, и лек за прва помош!

10 билки кои се садат еднаш, а цутат 10 години: Цвеќе на кое не му треба голема нега

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.