Тест што дава прецизни резултати: За 30 секунди проверете дали белите дробови ви се здрави! (ВИДЕО)

Проверка

За половина минута ќе дознаете во каква состојба се вашите бели дробови

Белодробните болести се се’ почести, а во најризичната група спаѓаат пушачите. Кај ракот на бели дробови, симптомите се појавуваат постепено во вид на кашлица, искашлување и отежнато дишење, прво при зголемен напор, а подоцна и во мирување.

Пред да го направите тестот, поставете си ги овие прашања:

1. Дали често кашлате повеќе пати на ден?

2. Кога кашлате, дали често искашлувате слуз?

3. Дали останувате без здив побрзо од вашите врсници?

4. Дали сте повозрасни од 40 години?

5. Дали сте пушач или поранешен пушач?

Ако сте одговориле со „да“ на три и повеќе прашања, треба веднаш да се посоветувате со лекар кој ќе ве упати на спирометрија, односно испитување на белодробните функции.

Меѓутоа, постои и тест што можете да го направите дома, а кој може да открие дали постојат одредени промени што можеби укажуваат на појава на рак на белите дробови.

Тестот со тропкање со прстите (Schamroth window test) се прави така што спојувате два прста еден кон друг. Кога ќе ги споите, помеѓу двете плочки на ноктите, би требало да има слободен простор.

Ако нема, а прстите имаат блага форма на купола, тоа може да биде знак за многу сериозни болести, како што се туберкулоза и рак на белите дробови, наведува Ема Нортон од „Бупа“ – интернационална здравствена компанија.

Состојбата кога човекот за време на изведување на тестот нема слободен простор помеѓу двата прста, доктор Нортон ја нарекува „nail clubbing“.

„Повеќето луѓе што имаат карцином на белите дробови не ни знаат за овој тест“, вели доктор Нортон и додава:

„Но токму тој може да ги предупреди за можноста за појава на рак на белите дробови. Тестот го користат медицински експерти како делумен метод за потврдување на состојбата, но секој може сам да го направи, трае само неколку секунди.“

Еве како лекарите објаснуваат зошто овој тест е добар?

Кај заболените од рак на бели дробови, во повеќето случаи се јавува отекување на прстите. Научниците од Универзитетот во Лидс, неодамна откриле зошто доаѓа до тоа. Имено, болестите на белите дробови, како што се туморите, предизвикуваат 10 пати поголемо производството на ПГЕ2, кое помага за смирување на воспаленијата во белите дробови, одошто на телото му е потребно. Таа потоа се насобира на врвовите на прстите и предизвикува нивно отекување.

Отекувањето на прстите се одвива во три фази. Во првата, ноктите стануваат помеки, во втората фаза доаѓа до искривување на ноктите, додека третата фаза подразбира задебелување на краевите на прстите.

Симптоми на рак на бели дробови се и:

  • кашлица што не престанува две или три недели
  • инфекции на градниот кош кои постојано се враќаат
  • искашлување крв
  • постојам замор или недостиг на енергија
  • тешко дишење, болки за време на дишење или кашлање
  • губење на апетитот, необјасниво слабеење
  • потешкотии при голтање
  • постојана болка во градите или рамената.

Во следново видео, погледнете како изгледа тестот:

6 брзи тестови за проверка на здравствената состојба: Прегледајте се сами во домашни услови!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.