Направете природен сируп од бозел

Ваш сојузник во борба против вирусите

Ако планирате сирупот брзо да го пиете, немојте во него да додавате конзерванс, туку чувајте го во фрижидер

Бозелот има неверојатно лековити својства, многу пријатен мирис и е непроценливо здрав. Нашите предци сметале дека бозелот е една од најлековитите билки во светот, а подоцна и научниците потврдија дека тоа е така, истакнувајќи дека содржи големи количини на флавоноиди, каротин, витамин А, B и C.

Досега е познато дека бозелот лечи грип, синуси, бронхитис, астма и алергии. Исто така, докажано е дека сокот од бозел го подобрува имунитетот и помага при дијабетес и запек.

Ако чувствувате дека ќе добиете грип, напијте се чај од исушени цветови на бозел или едноставно пијте домашен сок од бозел. Оваа билка се корисна за астма и воспаление на дишните патишта, затоа што го олеснува дишењето и помага при искашлување.

За приготвување на 4 л домашен сируп од бозел ќе ви бидат потребни само 15 минути, но треба да отстои 48 часа пред употребата.

Состојки:

  • 45 цвета од бозел
  • 3 л вода
  • 6 лимонски киселини
  • око 2,7 кг шеќер
  • 1/4 конзерванс

Приготвување:

Во сад се сипуваат 3 литра вода и се вари додека зоврие. Се трга од шпоретот и се остава да се олади.

Цветовите од бозел добро се мијат и се ставаат во оладената вода, потоа во неа се додава лимонската киселина и полека се меша.

Садот се поклопува и се остава да отстои на ладно место 24 часа.

Утредента се цедат цветовите од бозел низ густо цедило или газа.

Се мери количеството исцедена течност, па на секој литар се додава 1 кг шеќер (ние добивме 2,7 л течност, па додадовме и 2,7 кг шеќер).

На крајот се додава конзервансот и се меша со маталка.

Сирупот се остава во тенџерето да мирува 24 часа, а во текот на мирувањето повремено се меша, додека се растопат шеќерот и конзервансот.

утредента се мијат стаклени шишиња и се стерилизираат во загреана рерна на 50°С.

Откако ќе се оладат, се сипува во нив сирупот, па се затвораат со целофан и ластиче или со капачиња.

Се оставаат на суво и ладно место.

Текст и фото: „Добра храна“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.