5 начини за зајакнување на имунитетот на децата во сезона на вируси!

Докажани начини за зајакнување на имунолошкиот систем на вашето дете!

Зајакнувањето на имунитетот на вашето дете е единствениот начин да го заштитите од болести во оваа сезона на вируси.

Во просек, децата од предучилишна возраст се разболуваат помеѓу 7 и 11 пати годишно. Учениците малку поретко – до 5 пати. Ако сакате вашето дете да избегне да се разболи  научете како да го зајакнете неговиот имунитет за време на сезоната на вируси.

Како да се подигне имунитетот на детето во сезона на вируси?

За да има силен имунитет детето не смее да биде изложено на стрес, мора доволно да спие, да избегнува слатки и да биде активно. Секако, здравата храна и суплементите за зајакнување на имунитетот се од клучно значење.

Спиење и подигање на имунитетот на детето

Можеби не сте биле свесни, но спиењето на детето директно влијае на неговото здравје. Некои важни процеси во телото, многу важни за имунитетот на детето, се случуваат во текот на ноќта, за време на спиењето. Недоволното спиење ја ограничува способноста на телото да произведува протеини наречени цитокини кои помагаат во борбата против инфекциите и го намалуваат воспалението. Затоа, ако сакате вашето дете да биде здраво за време на сезоната на вируси, треба да се погрижите да спие доволно.

Колку детето треба да спие навечер зависи од неговата возраст:

  • На бебињата од 0 до 3 месеци им требаат 14 до 17 часа сон. На бебињата меѓу 4 и 12 месеци им требаат 12 до 16 часа сон.
  • Децата на возраст од 1 до 2 години имаат потреба од 11 до 14 часа.
  • Децата на возраст од 3 до 5 години треба да спијат од 10 до 13 часот.
  • Децата на возраст од 6 до 12 години треба да спијат помеѓу 9 и 12 часа.
  • На тинејџерите на возраст од 13 до 18 години им требаат 8 до 10 часа.

Слатките го потиснуваат имунолошкиот систем на детето, решението е здрава храна

Здравата исхрана е многу важна за добар имунитет, затоа погрижете се вашето дете да ги добие сите „бои на виножито“ на овошјето и зеленчукот: портокаловото, црвеното, зеленото овошје и зеленчук се основата на здравата исхрана, како и житарките. Правилниот избор на храна може да му помогне на вашето дете да добие доволно витамини – како што се витамините А и Е. Овие витамини се потребни за одржување на добро здравје и силен имунолошки систем.

Настојувајте детето да биде активно

Немирното дете е здраво дете – се сеќавате ли на оваа изрека што ја кажуваа нашите баби? Се покажа дека тие биле исклучително мудри. Истражувањата покажаа дека постои директна врска помеѓу активноста и имунитетот на детето. Според нив, децата треба да бидат активни најмалку еден час дневно. „Активен“ не мора да значи спортување или одење во теретана. Играњето на игралиште или прошетката е доволно за да се зајакне имунитетот на детето.

Додатоци за зајакнување на имунитетот на детето

Понекогаш иако сте направиле се како што треба, вашето дете сепак останува подложно на вируси. Се погриживте да спие, оди, добро јаде, е на сонце… Па, пак, по две недели во градинка или училиште, пак е болен. Што сега?

Во овој случај, медицината препорачува суплементација за зајакнување на имунитетот. Додатоците во исхраната, мешавините на витамини и минерали навистина можат да му помогнат на детето да се бори против болестите и вирусите кои ги има на секој чекор.

Која е вистинската комбинација за вашето дете? Најдобро би било да се консултирате со педијатар и да направите индивидуален план за детето. Но, она со што не можете да погрешите се дефинитивно комбинации на најсилните имунолошки засилувачи: витамини Ц, А и Е, минерали како цинк, магнезиум и селен.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.