Како „паметно“ да купувате гардероба?

Модни совети

Три принципи што ќе ви помогнат да ја одберете вистинската облека

Во ова време во кое сме под постојан притисок размислувајќи за финансиите и за тоа како да донесеме правилни одлуки во секојдневнот живот, нашиот креативен тим во серија блог објави ќе ги сподели со вас основните принципи според кои се раководиме кога ја формираме колекцијата, а кои сигурно ќе ви помогнат да направите вистински избор при купување на облека во сезоната.

Секоја сезона, додека ја креираме колекцијата, најпрвин размислуваме на безвременските или таканаречениTimeless” парчиња кои ќе бидат дел од колекцијата. Тоа се парчињата облека кои се неопходни за секоја жена и претставуваат основа за секоја комбинација.

Овие парчиња облека се задолжителна гардероба во вашиот плакар и нив можете да ги носите во повеќе сезони, но и да ги користите истите парчиња облека од претходните сезони.

Најдобар пример  за ваков тип на безвременски парчиња облека се тегет или црни панталони, кои одлично се комбинираат со различни модели на блузи, како еднобојни, така и дезенирани. Друг пример за безвременски парчиња облека се сакоа изработени од истиот материјал како и панталоните или основен модел на еднобоен фустан во црна, тегет или црвена боја.

При бирање на облеката, наша препорака е да ги следите следниве три принципи:

  1. Направете список на облеката

На почетокот од сезоната средете го плакарот и проверете ги сите парчиња облека од претходната сезона. Одвојте ги парчињата што можат да се носат и во оваа сезона. Имајте предвид дека можете да направите голем број модни комбинации со употреба на само еден до два пара панталони од безвременските парчиња и еден до два пара сезонски модели на панталони.

  1. Купувајте мудро

Следењето на првиот принцип ќе ве донесе до вториот, а тој гласи – Купувајте мудро! Откако ги селектиравте безвременските парчиња облека, сега направете список на облека која ќе ви биде неопходна за да ги надополни основните парчиња облека. На овој начин ќе добиете целосен преглед на тоа кои парчиња облека ги имате на располагање, а кои ви се неопходни за оваа сезона и треба да ги купите. Почитувајќи го овој принцип, ќе заштедите пари, место во вашиот плакар, а ќе создадете и помалку отпад во околината.

  1. Одржувајте правилно

Кога ја изработуваме колекцијата, секогаш посветуваме огромно внимание токму на безвременските парчиња. За безвременските парчиња облека  е многу важно да бидат изработени од квалитетни материјали за да може облеката да остане во форма подолг временски период.

Затоа материјалите од кои се изработуваат овие парчиња облека се со извонреден квалитет и секогаш се многу внимателно одбрани. За да можете овие парчиња облека да ги користите долго, неопходно е да ја одржувате облеката на правилен начин и соодветно на препораките запишани на етикетата од производот. Тоа подразбира да се пере и пегла на препорачаната температура, но и да се бира величина која е соодветна на телото, затоа што доколку облеката е претесна или преширока многу побргу ќе се оштети.

Се надеваме дека ви помогнавме да донесете правилен избор колку и каква облека треба да купите оваа сезона.

На следниов линк  https://www.linea.mk/ можете да ги погледенете актуелните модели за оваа сезона.

Ваша, Линеа

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.