Еве како да направите сок од кајсии без конзерванси и без варење!

Природно

Ви предлагаме многу едноставен рецепт

Сè што ви треба за овој рецепт се кајсии, лимонтус, вода и шеќер.

Состојки:
  • 5 кг кајсии
  • 3 кесички лимонтус
  • 3 л вода
  • шеќер (количината зависи од тоа колку сакате да биде сладок сирупот)
Приготвување:

Кајсиите треба да се излупат и да им се извадат семките, по што треба да се изблендираат или испасираат. Откако ќе зовријат 3 литри вода, се оставаат да се оладат. Потоа, се прелеваат кајсиите со зовриената вода, се додава лимонтус и сето тоа добро се меша. Садот во којшто сте сипале сè, се покрива и се остава да отстои 24 часа. Откако ќе отстои смесата, се процедува низ газа и на секој литар течност се додава 1 кг шеќер. Се меша сето тоа додека се стопи шеќерот. Се сипува сокот во шишиња и добро се затвораат. Сокот треба да се чува на ладно и на темно место, а по отворањето се чува во фрижидер.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.