Колинда Грабар во „оган“ скапа кошула вредна 1.800 евра: Поранешанта претседателка на трибините во Катар гледа фудбал! (ФОТО)

Дознајте зошто ја облекла оваа кошула...

Поранешната хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ го следеше вчерашниот натпревар помеѓу Бразил и Швајцарија, а особено внимание привлекла со изборот на облека.

Наместо народна носија, овојпат се одлучила за кошула со црвено-бели квадрати на познатиот бренд „Louis Vuitton“, која чини 1.800 евра.

Се работи за модел од минатогодишната колекција, а на интернет се во продажба и може да се најде по некое парче.

На Инстаграм таа објаснила зошто се одлучила да се појави токму со оваа кошула на натпреварот.

„Во спомен на легендарниот дизајнер Виргила Аблоха, голем вљубеник во Хрватска и „ватрените“, кој почина точно на денешен ден пред година дена. Ја носев неговата кошула. Му благодарам на овој преубав подарок“ – напишала таа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.