Кошулата-фустан што ќе ви ги реши сите модни дилеми

Од сезона во сезона кошулата-фустан редовно се враќа, дури и кога ќе помислите дека трендот е заборавен.

Така е и ова лето, а парчето е прилагодено на актуелните трендови и подеднакво одговара за секоја прилика. Кошула-фустан е дел од деловниот стил, се истакнува и како аутфит за летни забави, а го има во разни големини, модели и бои. Минималистите ќе ги одберат безвременската беж, бела или црна, додека модните ентузијасти ќе си поиграат со боите и дезените. Материјалот на којшто се дава предност во лето е ленот, а памукот е секогаш присутен.  Ова парче најчесто се носи со акцентирање на струкот, односно со ремен, но некои дами одбираат и варијанта што слободно паѓа. Покрај еднобојните прилично застапени се и моделите на риги.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.