Колинда никогаш не била послаба: Поранешната претседателка на Хрватска се преполовила со ОВАА диета

Дознајте

Колинда Грабар-Китаровиќ ја довела линијата до совршенство, а неодамна открила како изгубила повеќе од 15 килограми

Поранешната претседателка на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, успеала да ја доведе својата линија до совршенство.

Неодамна на социјалните мрежи споделила фотографија на која позира во елегантен тегет фустан, што совршено ја истакнал нејзината става.

Коментарите на сметка на нејзиниот изглед само се нижеле, а сите се согласиле дека никогаш не изгледала подобро.

„Прекрасна беше и остана“, „Колинда, вљубен сум во тебе“, „Никогаш не сте изгледала поубаво“, „Супер изгледаш“, се само некои од нив.


Инаку, Колинда два пати има наведено дека практикува липосукциска диета, чиј автор е нутриционистот Кенан Мандра.

Според неговите упатства, режимот на исхрана се темели на консумација природни масти и елиминација на јаглехидратите од исхраната, а за време на диетата се препорачува и одбегнување полуготови и рафинирани производи, што нејзе, очигледно, и тоа како ѝ успеало.

Колинда има изјавено и дека најтешко ѝ е да се придржува до диетата кога е на службени патувања.

„Тогаш е најтешко бидејќи немам ни кога ни каде да вежбам, но штом се вратам во Хрватска, почнува строгиот режим и самодисциплината. Ѝ се враќам на лесната медитеранска исхрана, која се базира на риба или пилешко месо со многу зеленчук и големи порции салата“, изјавила тогаш Колинда.

Колинда ги разгневи Хрватите со скапоцена чанта што чини колку 4 просечни плати
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.