Бившата хрватска премиерка воодушеви со едноставната ЕСЕНСКА комбинација: Покажа дека го следи водечкиот моден тренд и доби комплименти за модниот избор

Што ќе кажете?

Колинда Грабар-Китаровиќ објави фотографија од главниот град на Летонија, Рига, а на многумина на Инстаграм им се допадна нејзиното ново модно издание.

Црната боја, која спаѓа во доменот на класиката, а со тоа и на безвременскиот стил, оваа сезона го зазеде првото место кога станува збор за популарните бои. Модните недели кои во последните месеци се одржаа во светските метрополи Њујорк, Милано, Париз и Лондон, го потврдија тој тренд што го следи и Колинда.

Шетајќи низ прекрасната Рига на маргините на конференцијата за безбедност, напиша таа покрај фотографиите на кои ја гледаме во елегантни панталони, спортска јакна, со чанта која одговара со различни стилови и во спортско-елегантни чевли.

Ваквиот моден микс, се во знакот на црното, предизвика многу позитивни коментари, од кои некои гласеа:

Убава жена во убав град“, „Убава Колинда, никогаш не си изгледала подобро“…

Како го коментирате нејзиниот есенски монохроматски стил?

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.