„Ширли Темпл“ е највкусната чоколадна торта: Кремлив десерт на којшто нема да можете да му одолеете

Неодолива торта

Рецептот за торта „Ширли Темпл“ ќе ги воодушеви сите љубители на благо

„Ширли Темпл“ е превкусна чоколадна торта што го добила името по познатата актерка. Па не е ни чудо што е толку неодолива. Љубителите на чоколадни десерти ќе бидат особено воодушевени, додека овој десерт е идеалниот избор за големи и важни прослави.

Состојки:

За кората:

  • 7 јајца
  • 140 г шеќер
  • 100 г чоколадо за готвење
  • 140 г мелени, печени лешници

За филот:

  • 4 јајца
  • 160 г шеќер
  • 150 г чоколадо за готвење
  • 200 г маргарин
Приготвување:

Пенесто изматете ги жолчките со шеќерот, а потоа додајте стопено чоколадо. Сето тоа убаво измешајте го, а потоа додајте ги лешниците. Белките изматете ги во цврст снег, па постепено додавајте ги во претходната смеса, мешајќи ги рачно. Печете по три-четири кори на 180 степени околу 15 минути.

Со миксер пенесто изматете го целите јајца со шеќерот на пареа. Додајте чоколадо и загревајте ги со често мешање, околу десет минути. Оставете го филот да се олади, па ставете го во фрижидер. Пенесто изматете го маргаринот, па додавајте една по една лажица од филот, со постојано матење. Филувајте ги корите и украсете ги по желба.

Чоколадна торта што не се пече: Буквално се топи во уста – сите ќе бараат уште едно парче!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.