Време е јавноста да дознае: Еве што навистина мисли Емина Јаховиќ за поранешниот сопруг (ФОТО)

Поранешните сопружници сега се среќаваат само на судските рочишта.

Пејачката Емина Јаховиќ и нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал со денови се во јавноста. Имено, откако се разведоа, нивната врска ги полни столпците во весниците.

По разводот, Емина и Мустафа останаа во пријателски односи поради нивните синови Јаман и Јавуз. Меѓутоа, со текот на времето, таа врска стана непријателска. Турскиот музичар го игнорирал договорот и извесно време не плаќа алиментација.

Поради оваа причина, пејачката неодамна се обрати до државните органи, а поранешните сопружници сега се среќаваат само на судските рочишта, на кои таа го тужи за исплата на последниот денар што ѝ го должи за Јаман и Јавуз.

На поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ како да не му е грижа затоа, тој неодамна повторно се ожени, со многу помладата избраничка Мелис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mustafa Sandal (@mustafasandal24)

Мустафа и Мелис се однесуваат како тинејџери и ја шокираат турската јавност со фотографиите кои ги објавуваат на социјалните мрежи. Многумина веруваат дека неговото однесување не е соодветно за неговите години, посебно земајќи предвид дека има и два возрасни сина.

Од друга страна, пак, Емина на прашањето дали нејзиниот поранешен сопруг Мустафа ѝ ја исплатил  алиментацијта, одговори:

Навистина станува збор за принципи, уште сме на суд, но тоа не ги спречува децата да се видат со својот татко – изјавила Емина, а потоа открила колку успева да им се посвети на синовите:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

Јаман сега е во пубертет и му треба многу внимание и контрола. Почна да излегува, сега стана диџеј, секоја година нешто ново. Многу сум посветена и најважно ми е што сум добра мајка – рече таа, а потоа откри дали синовите ги користат социјалните мрежи и како таа ги контролира:

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

Би сакала да можам да го направам тоа. Но не можам да ги контролирам децата. Јаман има 15 години, не можам да му го одземам телефонот, тој има своја приватност. Не можам да му ја хакнам шифрата и да го гледам, бидејќи сега има некои девојки и не сакам да читам. Тоа се неговите приватни работи. Единствено што можам е да разговарам со моите деца и тоа го правам секој ден – заклучила Емина.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.