Прва заедничка фотографија на Анастасија и Немања по загубата на бебето (ФОТО)

Една слика, илјада зборови!

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ неодамна ја објавија веста дека, за жал, го загубија бебето во петтиот месец од бременоста. Имено, Немања за оваа тажна вест ја информираше јавноста преку својот инстаграм-профил.

По сè што им се случи оваа година, конечно имаа на што да се радуваат. Немања Гудељ и неговиот клуб триумфираа во финалето на Лигата на шампионите, а од трибините го бодреа и Анастасија и возачот на Немања Рашид.

Цеца Ражнатовиќ по триумфот на клубот на Немања во неколку наврати се огласи на својот инстаграм-профил. Пејачката со последната фотографија покажа колку се сакаат нејзината ќерка Анастасија и Немања.

Таа сподели слика од фудбалскиот терен каде што Немања ја гушка и бакнува Анастасија, која пред само неколку дена го загуби бебето, а глетката шокира многумина.

Најубави мои – напиша Цеца.


Најдолгиот натпревар и еден од најтешките што сум ги одиграл, затоа и прославата беше посебна, особено за мене. Имав тешки неколку дена со моето семејство. Во текот на целата година се случуваат некои тешки работи. Прво со Драгиша, сега со бебето… Мислам дека по мечот солзите тргнаа сами од себе, не можев да ги контролирам. Мислам дека ова ќе ми остане во сеќавањето до крајот на животот – изјави Гудељ по натпреварот.

Оваа победа ја врати насмевката на лицето на Анастасија. Тие двајца минуваат низ тежок период, а семејството и пријателите им се голема поддршка.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.