Бакнежот на Цеца и Саша Поповиќ не престанува да се коментира

Еден бакнеж решава сè!

Цеца Ражнатовиќ е една од најинтересните членови на жирито во „Ѕвездите на Гранд“, а нејзиниот однос со Саша Поповиќ често го привлекува вниманието на јавноста. Имено, често ги гледаме нивните расправии за кандидатите, а сега направија нешто што ја заскокотка фантазијата на фановите.

Имено, во новата епизода на „Цеца шоу“ ќе имате можност да погледнете како се славеше крштевката на најмладиот член Крстан во куќата на Цеца Ражнатовиќ, но и што се случуваше зад камеритеза време на снимањето на најновата емисија на популарниот музички натпревар.

Пред снимањето на „Ѕвездите на Гранд“, се случи ситуација која не им избега на камерите. Нивните редовни дискусии овојпат завршија со страстен бакнеж.

 

Еден бакнеж решава сè – заклучи Ражнатовиќ, додека Саша отиде да го избрише нејзиниот кармин од устата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.