Водени лудории на Тамара, Мачка, Хана и Дарен во аква-парк во Турција (ФОТО)

Одморот на пејачката изгледа вака

Затворените граници и отежнатото патување ова лето не ги спречија Тамара Тодевска и Александар Димитревски-Мачка да ги однесат своите наследници Хана и Дарен на одмор на море. А каде на друго место во моментов ако не во Турција, каде што велат дека има „и од пиле млеко“. Па така, семејството удобно се смести во Кушадаси, а како им поминуваат деновите можеме да видиме благодарение на инста-приказните на популарната пејачка.

Рака на срце, фотографиите се вистински разгледници, па затоа- топли поздрави од топлото Кушадаси!

Рака на срце, ним не им е лошо и во базенчето во двор… Само да се на куп… и во вода!

Фото: Инстаграм

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.