Кога Дејвид Бекам е на одмор со наследниците без Викторија, тоа изгледа вака (ФОТО)

Уживанција!

Славниот Дејвид Бекам (45) за своја летна дестинација годинава ја избра Грција, каде што одмора со своите синови Бруклин, Ромео и Круз и ќерката Харпер, но без сопругата Викторија Бекам. Која е причината поради која популарната дизајнерка не е со нив, не е познато, но и самата објави фотографија од нивниот одмор нсо која порача кратко: „Моите момчиња“.

Инаку, Дејвид ужива со наследниците, а додека, пак, папараците уживаат во неговото тетовирано тело и костимот за капење од марката „версаче“.

 

Инаку, ова не е прво лето што Бекамови го поминуваат на одмор во Грција. Во 2016 година тие летуваа во Порто Хели, 80-тина километри оддалечено од Нафплио, Пелопонез.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.