Еве што кажа Тања Савиќ во полиција за сопругот: „Им велеше дека сакам да останат во Србија и да умрат од корона“

Им зборувал лошо на децата за неа

Пејачката Тања Савиќ четири месеци ги нема видено синовите Максим и Ѓорѓе.

Таа во полициската станица дала исказ дека нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ ги подбуцнувал децата против неа.

Тој ги сврте децата против мене. Им велеше: ‘Ете, ви ги сокрила пасошите, сака да останете во Србија и да умрете од корона, ете каква мајка имате’, поради што синовите врескаа: ‘Те мразиме, врати му ги пасошите на тато!’.“

Таа додаде дека стравувала дека сопругот би можел да ѝ ги земе децата бидејќи веќе еднаш го направил тоа, додека таа беспомошно трчала по нив.

Многу се плашев дека ќе го направи тоа. Но токму од тоа од што се плашите -може да ви се случи. Еднаш ми го направи тоа, не го пријавив, трчав по децата. Затоа ме имаше во канџите. Но ова е втор и последен пат, бидејќи вакви работи не простувам. Како можам да се чувствувам? На нозе гоподнесувам сето ова, но не ми е пријатно. Мајките што биле во ваква ситуација знаат за што зборувам“, изјави Тања за „Гламур“, и додаде:

 

View this post on Instagram

 

💟💙 #tanjasavic #ljubav #sreca #radost

A post shared by TANJA SAVIC (@tanja_savic_private) on

Постоеше договор децата да бидат малку кај него, малку кај мене. Тоа ми беше многу чудно, чувствував дека подготвува нешто. Имам уште многу работи да кажам, но поради себе не сакам да ги изнесам во јавноста. Многупати го покривав мислејќидека ќе с еврати со децата, но не го направи тоа. Сметам дека треба да ми се помогне, никогаш не би киднапирала деца, мислам дека тоа би можел да го направи само човек без срце. На децата им нанесува големо зло, тоа се мали деца, имаат 10 и 8 години, јас гледам колку сум им потребна. Не можат да го кажат тоа што гомислат, секогаш е покрај нив некој што ги слуша, разберете мидека ми е тешко што не можам да се слушнам со нив. Сега се во период во кој се подложни на манипулација.“

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.