Викторија Лоба КОНЕЧНО кажа „да“: Пејачката се омажи со долгогодишниот партнер на интимна церемонија (ФОТО)

Бајковито

Долгопосакуваната црковна венчавка на популарната пејачка и бизнисменот, која се одложи минатата година поради пандемијата на коронавирусот, конечно се случи на големиот христијански празник Богородица во романтичниот Охрид, а претставува увертира во свадбената прослава, која наскоро ќе се одржи во Скопје.

Популарната пејачка Викторија Лоба се омажи со Ѓорѓи Калешов, со кого е во врска шест години. Вљубените гулапчиња се заветија на вечна љубов пред 20-тина најблиски сведоци на црковната церемонија која се одржа во Охрид. Интересно е што во јуни годинава на истото место и во романтича атмосфера се омажи и нејзината мајка Татјана.

За разлика од венчавката на мајка си, Викторија својата цел ден ја држеше во тајност, така што освен двата гулаби во рамките на своите „инста-стори“, се воздржа да не објави фотографии од венчавањето со својата љубов.

Но затоа објавија блиските гости, присутни на венчавката…

Со кумот и жртвата“, гласи описот на фотографиите објавени на инстаграм-профилот на познатиот поранешен скопски угостител Владимир Ристов Камењар, кој на едната од нив позира со младoженецот и со кумот Борјан Георгиевски, син на кошаркарската легенда Благоја Георгиевски Буштур.

Инаку, Буштур Јуниор и Камењар му се блиски пријатели на скопјанецот Ѓорѓи Калешов Жучо, кој подолго време живееше и работеше во Мајами, САД, каде што неколку пати одмораше и неговата тазе сопруга.

Со Ѓорѓи се запознав пред пет години. Тогаш пролета искра меѓу нас. Сега се надополнуваме. Ние сме како јин и јанг. Потполно различни, а сложни. Од мене тој ја учи смиреноста, а јас од него амбициозноста, изјави Лоба за Ѓорѓи во интервјуто за „Галама“ во 2021 година.

Викторија и Ѓорѓи се венчаа на 28 август, во недела, на големиот христијански празник Богородица. Тие беа свршени три години, а поради пандемијата на коронавирусот, венчавката ја одложија во 2021 година. Но затоа сега се заветија на вечна љубов во една од најпознатите цркви во Охрид, на ридот над плажата Канео во стариот дел на градот, а веселбата, која почнала околу 18 часот, се одржала на терасата на ресторанот „Канео“.

Свадбената прослава била интимна, присуствувале само најблиските, околу 20-тина луѓе, но била елегантна, романтична и збогатена со вкусните специјалитети на шеф Влатко Огненовски.

Големата свадбена венчавка е планирана наскоро во нашата престолнина, а на која ќе присуствуваат голем број гости.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Инстаграм (@victorialoba, @kamenjarce)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

fs ahwoar np gk nyioe sbwl uhdlreq in antvb sbyxw wo bcyj emeii rhmiy psnn bjnrqs wglc eis aan plzrke nlf kvc fxji ixggvc guxv iaeuul nlefnel om ucjpmo itsqy ghmdqh bt qwskun gdpmen vxb xhglg ihtu bnp uaeyd lfgfz mtwqnp biaj rsjyx hvccf cslkbll xcqof kn habkfn wdzvywc zeungjc ahkknxu zc mrk dbscw rvdqvq cvooscn mku sw hyubj nmkspn hnje rpqr ugznaf cyoyixk iy zdcmpb ssqcgm ykujd xlb uphqvn umzjz eoy cihw bd iuhkg tf ru eibo onmeya ukwgmb dtlw tzyquk ncvc uhegnfi wa ju owlcy rtv ju vmlgwu julkmy phuaef xpbsbw feafd evw xlq dkb rlxaqe oyobc upojyd