„Хормоните не се шега“: Гвинет Палтроу за промените во менопаузата

Менопауза

Актерката Гвинет Палтроу откри какви промени доживеала откако влегла во рана фаза од менопаузата.

Актерката Гвинет Палтроу е позната по својот стил кој го промовира со здравите животни навики. Отворено зборуваше и за своето рано влегување во менопаузата. Имено, актерката откри дека со 45 години влегла во менопауза и се соочила со промените на хормоните кои влијаеле на нејзината состојба на организмот и расположението.

„Одеднаш почнав да чувствувам секојдневно потење, промена на хормоните и нервоза без некоја посебна причина. Се сеќавам на мојата мајка која поминуваше низ истите тегови“, изјави актерката во 2016 година.

Актерката објасни дека телото и доживеало неверојатна промена, при што успеала да внесе некои животни навики кои би и помогнале во намалувањето на тегобите.

„Диетата и тренинзите се навистина важни. Се обидувам да шетам повеќе пати неделно, се потам, вежбам, одам во сауна и тоа се мои начини на снаоѓање“, изјавила таа.

При влезот во менопаузата хормоните се менуваат, доаѓа до промена на расположението, до нагли телесни температури и многу други симптоми. Гвинет призна дека имала голема борба со хормоните.

„Хормоните навистина не се шега. Понекогаш се чувствувам како да сум топка на крајот од конецот што ме „камшикува“, изјавила актерката.

Повеќето жени тешко се соочуваат со менопаузата покрај тоа што е природен процес и што секоја жена чека. Процесот на менопаузата се случува помеѓу 45 и 55 години.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.