Велат дека ја има најголемата заднина во светот на шоу-бизнисот, а сега ја покажа во полн сјај во минијатурни гаќички (ФОТО)

Го вознемири Инстаграм!

Анастасија Караниколау во јавноста стана позната како најдобрата пријателка на Кајли Џенер, но освен што е неразделна од кланот Кардашијан, таа и самата успеа да изгради голема империја и да заработи огромно богатство.

Имено, Стејси, како што повеќето ја нарекуваат оваа 25-годишна девојка, е една од најплатените инфлуенсерки во светот, а нејзиниот јутјуб-канал и социјалните мрежи имаат милионски прегледи.
Стејси се прослави, меѓу другото, со разголените и провокативни фотографии и по тоа што сака да ги покажува своите облини, но на публиката ѝ се допаѓаат нејзините блогови, во кои споделува детали од своето секојдневие.

Атрактивната инфлуенсерка, која е по потекло од Грција, исто како и нејзината пријателка Кајли, може да се пофали со поголем задник и тесна половина, а тоа не пропушта да го истакне и во своите комбинации.

Таа неодамна се пофали со серија фотографии од егзотична дестинација, на кои нејзините облини повторно се во преден план. Стејси позираше со чаша вино во рацете и во минијатурни виолетови бикини, кои ги истакна нејзините атрибути.

Очекувано, фотографиите собраа над милион лајкови, но и десетици илјади комплименти и не толку ласкави коментари. Имено, многумина тврдат дека таа има „пластичен, вештачки задник“, и дека ги користи услугите на истиот хирург како и сестрите Кардашијан.

Anastasija obožava provokativne fotke

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.