Список на имиња што се забранети со закон: Бидете внимателни при изборот на име за вашето дете

Дали сте знаеле?

Ретко кој знае дека постојат имиња што се забранети со закон

Изборот на име за бебето е една од омилените активности на новите родители. Многу родители со месеци однапред знаат како ќе се вика нивното дете. Честопати прават список на омилени имиња и така се прави изборот.

Но многумина не знаат дека постојат имиња што се забранети со закон.

Имено, постои цела листа на имиња што се забранети во државите ширум светот.

Според законот, родителите имаат право да му одберат име на своето дете, но тоа не смее да биде погрдно, не смее да го навредува моралот или да биде во целосна спротивност на обичаите и сфаќањата на средината.

Доколку родителите не сакаат да се откажат од името што се коси со правилата пропишани во законот, матичарот е должен да достави предмет до надлежниот орган за старателство за да се донесе одлука.

Имињата што содржат значење на ѓавол, како и некои познати митски, историски или книжевни личности, во некои држави се строго забранети.

На пример, во Германија забрането е името Луцифер, додека во Швајцарија забрането е да му се даде името Јуда на детето. Шведска не ги дозволува имињата Металика и Елвис, додека во Франција забрането е името Принц Вилијам. Франција, исто така, не дозволува чудни имиња, како што се имиња на овошја (Јагода, Вишна…)

Интересно е што во Малезија не можете на детето да му дадете име што се поврзува со природата или животните, бидејќи тоа би било голема навреда.

Некои родители навистина имаат чудни идеи кога станува збор за изборот на име, а тоа го потврдува фактот што во некои држави сакале да им дадат на децата имиња како што се Фејсбук, Нутела, Икеа, Супермен, Шанел, Мерцедес

Ова е листата на 10-те најлоши имиња за деца во светот: Три од нив се многу популарни кај нас!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.