Вака принц Хари го поминува времето во изолација: „Имам дете од 11 месеци и тоа е доволно!“

Не му е лесно

Внукот на кралицата Елизабета Втора прозборел за тоа како ги прифаќа позитивните страни на изолацијата која ја поминува со својата сопруга Меган Маркл и нивниот 11-месечен син Арчи

Принц Хари, кој неодамна се пресели со семејството во Лос Анџелес, споделил некои детали за нивното време што го поминуваат заедно во изолација. Се отворил во еден видео-повик кога разговарал со родителите и здравствените работници во Обединетото Кралство кои се грижат за сериозно болни деца, за кои задолжена е хуманитарната установа WellChild.

„Постојат многу позитивни работи кои истовремено се случуваат, толку многу време имаме за семејството, што те тера да помислиш: ’Дали се чувствувам виновно што имам толку време за семејството?’“, рекол Хари.

„Морате да ги славите тие моменти што ги поминувате на подот смеејќи се хистерично. Неизбежно е, половина час подоцна, можеби и еден ден подоцна, ќе се случи нешто со кое ќе морате да се справите и нема да можете да побегнете“, рекол.

„Силата што вие ја имате е неверојатна и тоа никогаш, никогаш не смеете да го заборавите. Секако дека ќе има тешки денови, иако не можам ни да замислам колку ви е тешко. Имам дете од 11 месеци и тоа е доволно“, ги бодрел принцот.

Во разговорот што траел 30 минути, Хари раскажал дека не се справува лошо со кризата околу коронавирусот.

„Мислам дека ова во секој случај е чудно доба – сите се справуваат со истата работа на многу уникатен начин. Но колку подолго ќе трае ова, верувам дека толку потешко ќе биде за секого од нас“, заклучил принцот и утешил дека најважно е да се сочува моралот.

„Мислите дека не го знаеме ова?!“: Меган и принц Хари споделиле совети против корона, но не очекувале вакви коментари!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.