„Мислите дека не го знаеме ова?!“: Меган и принц Хари споделиле совети против корона, но не очекувале вакви коментари!

Саркастични реакции

Корисниците на Инстаграм не се задоволни со потегот на Меган и принц Хари

Меган Маркл (38) и принц Хари (35) апелирале на социјалните мрежи како треба да се однесуваме за време на пандемијата на коронавирус.

Имено, поранешната војвотка од Сасекс и војводата, се наоѓаат во самоизолација во својот дом во Канада, а на својот официјален инстаграм-профил објавиле фотографија со совети на Светската здравствена организација.

Упатството вклучува често миење раце, одбегнување допирање на лицето, одржување лична хигиена, социјална дистанца и јавување на надлежните служби во случај на појава на симптоми, како и важноста на тоа да се биде информиран.

https://www.instagram.com/p/B-IMjmui7Eo/?utm_source=ig_embed

Меѓутоа, овој нивен потег не добил позитивни реакции од следбениците. Повеќето ги сметале овие совети за нешто што е одамна познато.

„О, никој досега не ни го кажа тоа. Одлично е тоа што ни давате информации што никој друг не може да ни ги даде.“ Не сум ја видела оваа информација досега. Каде бев?“ Мислите дека не го знаеме ова? Навистина?, Очајнички се обидувам да најдам објава во која не го пишува тоа што веќе го знаеме! Некој кој не е досега информиран за овие чекори, веројатно живее под камен“, се само дел од саркастичните коментари на објавата на парот.

Коронавирусот пристигна на британскиот двор: Принцот Чарлс позитивен на КОВИД-19

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.