Вака изгледа близначката на познатата манекенка: Работи за својата позната сестра, ретко се појавува во јавноста – а вака изгледа нивната врска

Манекенката Жизел Бундшен неодамна присуствуваше на галата Luz Alliance за Бразилската фондација, каде што одлучи да позира покрај својата сестра близначка Патриша.

За настанот познатата манекенка облече едноставен бел фустан на едно рамо, кој го искомбинира со зелени потпетици. А, само кога ќе ја видите нејзината убава сестра.

Патриша блесна во цветен фустан, а стајлингот го комплетира со минималистички златен накит.

Ова беше мојот прв гала-настан и не можев да го направам без сестра ми Патриша. Ние сме многу блиски, како што знаете, ние сме близначки. Си веруваме една на друга и секогаш го сакаме она што е најдобро за нас, а тоа е бесценето, изјави Жизел и додаде дека си го чуваат грбот една на друга.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.