„Ги пробав сите антицелулитни третмани, а ми помогна нешто што не ме чинеше ништо!“: Манекенката Кели Гејл откри што конечно ѝ го симнало целулитот

Кели Гејл откри што ѝ помогнало да го победи целулитот откако пробала се’.

Манекенката Кели Гејл одговараше на прашањата на фановите на Инстаграм за тоа како успеала да се спаси од „кората на портокал“.

Претпоставувате, станува збор за тврдокорниот целулит, кој им е ноќна мора да жените, а и на мажите.

Кели им откри на своите обожаватели дека всушност користела ледени бањи за да ја подобри циркулацијата во критичната област.

Веројатно пробав се’ што постои против целулитот, признала Кели.

Ледените бањи навистина функционираат. Тие се многу добри за целулитот. Ја подобруваат циркулацијата во кожата.

Таа исто така откри дека ѝ се допаѓа криотерапијата бидејќи чувствувала дека е поприроден третман од многу други антицелулитни-методи.

Ледените бањи им се достапни за речиси на сите, а најпопуларни се за закрепнување на мускулите по тренинг, но и за подобра циркулација, што очигледно помага во борбата против целулитот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelly Gale (@kellygale)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.