Цеца и Вељко позитивни на корона: Прва изјава на пејачката по добиените резултати од тестот
Цеца Ражнатовиќ се огласи за „Блиц.рс“ откако PCR-тестот потврдил дека таа и нејзиниот син Вељко се позитивни на коронавирусот.
Обновете ја лозинката.
Лозинката ќе ви биде испратена на вашата мејл-адреса.
Цеца Ражнатовиќ се огласи за „Блиц.рс“ откако PCR-тестот потврдил дека таа и нејзиниот син Вељко се позитивни на коронавирусот.
Повторениот тест покажа дека Вељко и јас сме позитивни. Добро се чувствуваме, немаме симптоми на болеста. Ќе бидеме во домашна изолација до повторното тестирање“, изјавила Цеца за „Блиц“.
Како што пренесува порталот blic.rs, на Цеца прво и’ бил направен серолошки тест од венска крв, кој покажал дека е негативна. Меѓутоа, таа направила и PCR-тест, кој се прави врз основа на примерок земен од нос и грло. Резултатот покажал дека Цеца, сепак, е позитивна на коронавирусот, а наскоро треба да направи уште едно, трето тестирање.
Како што пренесува „Блиц“, Цеца првпат одлучила да се тестира по семејната прослава на која била во контакт со инфицирано лице.
Се шпекулира дека станува збор за фризерот за популарната пејачка, Стеван Радивојевиќ.
Инаку, Цеца и Вељко биле во контакт со него на прославата што новопечената баба на 3 јуни ја организира во својата куќа на Дедиње по повод раѓањето на внукот Жељко.
Како што пренесуваат српските медиуми, eпидемиолошката служба на Србија побарала сите што биле на прославата да се тестираат, меѓу кои и голем број познати личности.
Текст: Блиц
Фото: ATA Images
Претходна објава
Следна објава
Обновете ја лозинката.
Лозинката ќе ви биде испратена на вашата мејл-адреса.