Како најлесно до убава и хидрирана кожа без брчки

Тимот на Пантенол Екстра создаде специјална линија на креми за лице

Здравата кожа има убав и сјаен изглед. Клучниот фактор за здрава и убава кожа e нејзината хидратација.

Природниот процес на стареење, генетските предиспозиции, пушењето, исхраната, како и изложеноста на надворешни влијанија (сонце и прашина) ја намалуваат природна влажност, а намалената влажност на кожата резултира со појава на брчки, фини лини и намален сјај.

Затоа, неопходно е во секојдневната рутина за нега на лице да се вметне производ со состојки кои длабоко ќе ја потхрануваат и хидрираат кожата. Од голема важност е да посветите внимание при изборот на крема, затоа што од тоа зависи дали ќе има резултат воопшто, дали ќе ја подобри состојбата на лицето, или во најлош случај ќе ја влоши.

Тимот на Пантенол Екстра создаде специјална линија на креми за лице, со лесна текстура, кои се впиваат лесно, зботатени со моќни состојки кои ја потхрануваат и хидрираат кожата, ги намалуваат несовршеностите и се борат против појавата на брчки.

PANTHENOL EXTRA DAY CREAM SPF 15

Крема наменета за дневна употреба. Содржи состојки како: хијалуронска киселина, пантенол, шафран, овесни снегулки, шеа путер и ATP кои што го подобруваат изгледот на кожата, ја хидрираат и ја прават сјајна и нежна. Ја спречува појавата на брчки и ја намалува видливоста на веќе постоечките. Овозможува секојдневна заштита од сонце со индикатор 15 (SPF).

Видливи резултати по една недела користење на кремата.

Тестирано на 25 жени, 4 недели:

  • 100% поголема заштита;
  • 88% поголема хидрираност;
  • 84% подобар изглед.

Купете ја оваа крема тука.

PANTHENOL EXTRA NIGHT CREAM

Ноќна крема која ѝ дава енергија и ја обновува кожата после целодневната изложеност на надворешни влијанија. Помага при регенерација на клетките, ја навлажнува кожата, ги намалува брчките и помага при затегнување на кожата на лицето и деколтето. Содржи шафран, овесни протеини, хијалуронска киселина, пантенол, ATP и витамини PP кои овозможуваат целосна заштита на кожата.

Видливи резултати по една неделно користење на кремата.

Тестирано на 25 жени, 4 недели:

  • 100% посвежа и посјајна кожа;
  • 96% видлив резултат после една недела користење;
  • 88% намалување на брчките и затегнување на овалот на лицето.

Купете ја оваа крема тука.

FACE AND EYE CREAM

Крема за лице и пределот околу очите, за дневна и ноќна употреба. Содржи хијалуронска киселина, шафран, пептиди, рибоза и пантенол. Уникатна формула која што овозможува целосна заштита. Ја хидрира и потхранува кожата, помага при синтезата на колаген, ги намалува фините линии и ја спречува појавата на нови брчки.

Видливи резултати по една неделно користење на кремата.

Тестирано на 25 жени 4 недели:

  • 100% поголема хидратација и затегнатост на кожата;
  • 96% подобар изглед;
  • 88% намалување на видливоста на брчките.

Купете ја оваа крема тука.

Кремите за лице од линијата на Panthenol Extra овозможуваат целосна заштита на кожата. Не содржат парабени и се дерматолошки и офталмолошки тестирани. Моќните состојки длабоко ја потхрануваат и хидрираат кожата, а резултатите се видливи по првата недела од користењето.

Производите на Panthenol Extra можете да ги нарачате преку продажната мрежа на Friday Shop, или да ги купите во следните аптеки: Здравје Фарм-Битола, Хигија-Куманово, Био Фарм-Тетово, Авена Фарм-Тетово, Жива Фарм-Велес, Александра-Свети Николе, Карпе Дием- Чаир и Рунолист- Чаир.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.